На Алонсо му тргна сезонава во Ф1 шампионатот и веднаш ја откачи девојката

Возачот на Формула 1 тимот Астон Мартин, Фернандо Алонсо, на вчерашната трка за Големата награда на Австралија го освои третото место, а потоа објави дека ја прекина врската со девојката Андреа Шлагер.

Шпанецот за прекинот на врската објави на својот профил на „Инстаграм“.

„Сакаме да ви кажеме дека нашата врска е завршена. Имавме среќа да бидеме заедно, така и ќе продолжиме, само во поинаков облик. Како што можевте да видите, продолжуваме да соработуваме на патеката и надвор од неа. Мислиме дека е коректно оваа вест да ја споделиме со вас“, напиша Алонсо.

Сега веќе поранешната девојка на Алонсо, Андреа Шлагер, е спортска новинарка која ги следеше возбудувањата во Формула 1 шампионатот.

Алонсо е познат како голем заводник меѓу Ф1 возачите и пред Шлагер, беше во врска со Каролина Коста, Даша Капустина, Ракел до Росарио, Ксенија Чумитцева, Лара Алварес, Вики Одинцова, Линда Морсели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести