На Барди ќе му биде супер со вакви луди соиграчи (Видео)

Енис Барди е веќе нов член на Трабзонспор и ќе игра за актуелниот турски првак во следните три години.

Турците беа упорни и за скромна сума од 3 милиони евра го купија македонскиот репрезентативец од Леванте.

Клубот кој е 7-кратен турски првак и е веднаш зад големото трио Фенербахче-Галатасарај-Бешикташ е најтрофеен клуб во земјата што не е од Истанбул.

Во Трабзон се уште владее победничка атмосфера, на феноменален начин се славеше титулата која стаса во колекцијата по 38 години чекање, а Барди ќе има луди соиграчи кои знаат да се забавуваат.

На интересен начин му го честитаа тригодишниот договор на Холанѓанецот Стефано Денсвил, кој мина една сезона на позајмица кај нив, па месецов одлучија и да го задржат со договор за следните три години.

Трабзонспор вечерва од 20 часот го игра мечот од второто коло во новата сезона во домашното првенств и на домешен терен го чека Хатајспор.

- Оглас -

Најнови вести