На Барселона – Галатасарај се појави навивач со необичен дрес (Фото)

На трибините на „Камп ноу“ во Барселона синоќа на средбата помеѓу Барса и Галатасарај од Лигата на Европа имаше десетици илјадници присутни, но меѓу нив беше и еден кој се издвојуваше од останатите и привлече внимание.

Еден фан на Каталонците носеше дрес на Барселона со бројот 9 на грбот, но и презимето на Карим Бензема, францускиот голгетер на Реал Мадрид. На Каталонците добро ќе им дојдеше еден таков играч против Галатасарај бидејќи Барселона не успеа да даде гол. Деветката во Барса ја носи Мемфис Депај, но овој навивач би сакал да беше Бензема.

На некои ова им е смешно, некои можеби го сфатија како провокација по грандиозната партија на Бензема против ПСЖ во средата.

- Оглас -

Најнови вести