На Бугарите им се собраа многу сметки – УЕФА ќе ги гони за расизам, нацистичко салутирање и исвиркување на англиската химна

На Бугарија ѝ се собраа многу сметки за плаќање во касата на УЕФА, а можно е фудбалската репрезентација да игра без публика на следните квалификациски натпревари по серијата инцидентни ситуации на дуелот со Англија во Софија.

Бугарите го загубија мечот со 0:6, а веќе има истрага за многу пропусти и недолично однесување на публиката. Ќе се испорачаат парични казни за исвиркување на англиската химна, за нацистичко салутирање од трибините и за навреди на расна основа кон црномурните играчи на Гордиот Албион.

Англичаните ќе мораат да платат глоба за исвиркување на бугарската химна непосредно пред почетокот на мечот, па и двете федерации ќе си ја подиспразнат касата.

Александер Чеферин најави дека има нулта толеранција за расизам и нацизам на фудбалските терени, па Бугарија покрај парична казна, може да добие и суспензија од неколку меча што репрезентацијата ќе мора да ги игра или без публика или на неутрален терен.

- Оглас -

Најнови вести