На Давид Силва му се допаѓаат светло-сини дресови, од Сити се сели во Лацио?

Шпанскиот плејмејкер Давид Силва по десет години, си замина од Манчестер сити, а негова следна дестинација може да биде Лацио. Лацијалите отвориле процес на преговори со искусниот Силва, кој е слободен играч и може лесно да се случи тој повторно да игра во тим со светло-сини дресови.

Силва имал вечера со спортскиот директор на Лацио, Игли Таре. Интерес за него има и од Бетис, Валенсија, Интер Мајами и арапски клубови, но Лацио има силен џокер во ракавот, а тоа е играњето во Лигата на шампионите.

Давид Силва сезонава на 38 меча имаше 11 асистенции и шест гола за Сити.

- Оглас -

Најнови вести