На денешен ден е постигнат најбрзиот гол во Лигата на шампионите (видео)

Рекордот за најбрз погодок во историјата на Лигата на шампионите е поставен на денешен датум 7 март, во 2007 година. По 13 години подвигот на Рој Макај уште не е променет, а го постигна во реванш-дуелот против Реал Мадрид  на „Алијанц арена“ во рамки од осминафиналето.

На легендарниот Макај му беа потребни само 10 секунди да ја затресе мрежата на Касилјас, откако Кралевите тргнаа од центар и веднаш ја загубија топката, ја украде сегашниот спортски директор на Баварците Хасан Салихамиџиќ и го проигра Холанѓанецот.

- Оглас -

Најнови вести