На дресовите наместо имиња, им стојат навредливи зборови

Фудбалскиот клуб Алма де Африка, кој е од шпанскиот град Херес, и во својот состав има играчи кои се имигранти од 12 земји од „црниот континент“, одлучија на задната страна од дресовите, наместо нивните имиња или презимиња, да напишат погрдни зборови со кои им се обраќаат расистите.

На ваков начин протестираа членовите на Алма де Африка за постојаните напади кон нив на расна основа. Така, кај играчот до број 6 наместо презиме му пишува мајмун, 12-ката е роб, 9-ката е црнчиште, 4-ката е Индијанец, итн.

На мечот кој го играа со вакви дресови, Африканците загубија од Алгаида со 1-6, но нивната главна цел, да привлечат внимание во јавноста, беше реализирана.

- Оглас -

Најнови вести