На дуелот Спарта – Барселона има исто голови колку на останатите шест меча заедно (Видео)

Голеада во првото полувреме во Прага, каде што Спарта и Барселона ремизираа 2:2 во меч од седмото коло во Лигата на шампионите. Интересно е дека овие четири погодоци постигнати во првите 45 минути се толку колку што има погодоци на останатите шест меча што се играат во моментов.

Гол-шоуто во Прага започна во десеттата минута, кога домаќините изведоа корнер,а Кушеј буквално ја истурка топката во голот на гостите. Голот за водство на домаќините може да го видите ТУКА.

Потоа следуваше одговорот на Барселона. Во 33-тата минута Фермин Лопес израмни по одличната асистенција на Френки де Јонг. Погодокот за израмнување може да го видите ТУКА.

Лопес погоди и за 2:1 за гостите во 42-рата минута, овојпат со прекрасен шут надвор од шеснаесетникот. Вториот погодок на Лопес може да го видите ТУКА.

Сепак, Барселона не водеше на полувреме затоа што по уште еден изведен корнер, Спарта даде гол и тоа беше автогол на Роберт Левандовски, кој може да го видите ТУКА.

Интересно е дека на останатите шест меча кои се играат во исто време, вкупно има постигнато четири гола. Њукасл на свој терен со 2:0 води против ПСВ, Ливерпул со гол во 45-тата минута стигна до 1:0 на гости во Марсеј кај Олимпик, додека Аталанта со 1:0 води во Бергамо против Атлетик Билбао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести