На Фрозиноне не му стигнаа два гола, на Вердер да

Торино го совлада Фрозиноне со 3:2 во дуел од италијанската Серија А, по кој гостите треба да жалат што не освоија барем еден бод. Фрозиноне во првите седум кола даде само еден гол, вечерва даде „дури“ два, но и тоа не беше доволно, бидејќи примија три.

„Биковите“ од Торино славеа со головите на Ринкон, Базели и Беренгер, а стрелци за Фрозиноне беа Голданига и Чано. Со новите три бода, Торо се искачи на осмото место, а Фрозиноне остана претпоследен со само 1 бод.

ВЕРДЕР ПОБЕДИ ВО ЧЕСТ НА ПОДВИГОТ НА ПИЗАРО

Во Германија, Вердер беше подобар од Волфсбург со 2:0, со головите на Класен и Егештајн. На овој меч, 15 минути одигра Клаудио Пизаро. Ветеранот од Перу, завчера наполни 40 години, и стана четвртиот фудбалер во историјата на Бундеслигата кој настапил со полни четири децении живот зад себе.  Пизаро беше асистент при вториот погодок.

Со новите три бода, Вердер има 14, и се изедначи со лидерот Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести