На Хамилтон ќе му се „распаднеше“ болидот, а сепак победи на Силверстоун

Луис Хамилтон победи во трка која имаше неверојатна завршница на патеката Силверстоун. Во текот на целата трка Хамилтон возеше сигурно и имаше предност пред ривалите, а во последниот круг се случи драма. На Хамилтон му пукна левата предна гума и мораше неколку километри да вози буквално без еден пневматик.

И во таква ситуација Хамилтон имаше направено доволно предност и на крајот заврши како прв, пред Макс Верстапен, а трет заврши Леклер.

Интересно е што Верстапен заостануваше 20-тина секунди зад Хамилтон и на два круга пред крајот реши да влезе во боксот и да ги смени гумите. Доколку не влезеше во боксот, Верстапен ќе имаше помало заостанување зад лидерот и во последниот круг ќе успееше да го стигне водечкиот Британец.

Само два круга пред драмата на Хамилтон, му пукна гумата и на Валтери Ботас кој дотогаш беше второпласиран. На крајот Ботас не успеа да освои бодови (заврши на 11 место), иако на неколку километри до крајот имаше позиција која го водеше на пиедесталот. И Сајнц ја имаше истата судбина, откако му пукна истата лева предна гума и во последниот круг од 4 место падна на 13 позиција.

Хамилтон имаше среќа и успеа и без една гума, да го исконтролира болидот и да стигне како прв. За Британецот ова е седма победа во кариерата на неговиот домашен терен.

Во генерален пласман Хамилтон сезонава досега освои 88 бодови, втор е Верстапен со 52 поени, а трет е Ботас со 58 поени.

- Оглас -

Најнови вести