На Интер Мајами му се случи потоп во Њујорк (Видео)

Њујорк Ред булс го растури Интер Мајами со 4-0 во меч од МЛС лигата кој се одигра во тешки услови, поради силниот дожд.

Отсуството на Лионел Меси беше хендикеп за Мајами кој делуваше немоќно без својот најдобар фудбалер. Останатите ѕвезди не беа расположени и не успеаја да спречат дебакл.

Јунаци на средбата се Белгиецот Ванзир кој имаше дури четири асистенции, ги намести сите голови, и Шкотланѓанецот Морган кој даде три гола. Инаку, Морган е некогашен играч на Интер Мајами.

Ова е четвртиот гол на Црвените бикови со кој се комплетираше голеадата:

- Оглас -

Најнови вести