На Јувентус не му оди со црвено-бели дресови

Актуелниот италијански првак Јувентус прв пат сезонава киксираше откако одигра без голови на гостувањето кај Фиорентина. За Виолетовите тоа е прв бод сезонава и може да бидат задоволни, бидејќи играа против клубот кој осум години е доминантен во Серија А.

Јувентус на овој меч настапи во нетипични за нив црвено-бела комбинација на дресови. Според играта, Старата дама дури може да биде и задоволна што не загуби на ова гостување, бидејќи Фиорентина имаше повеќе шанси за погодок.

Киксот на Јувентус вечерва може да го искористи Интер, кој пред своите навивачи на „Џузепе Меаца“ игра против Удинезе.

 

- Оглас -

Најнови вести