На Келн му се исплати маратонот, Словак го нокаутира Словачко (Видео)

Словачкиот репрезентативец Ондреј Дуда беше кобен за Словачко и со прецизен удар од белата точка во 82-рата минута му донесе вредна победа на Келн во дводневниот фудбалски маратон во Конференциската лига на УЕФА.

Вчера мечот беше прекинат во осмата минута, а денеска продолжи и заврши со победа на германските Јарци.

Дуда беше прецизен од вториот пенал што денеска го досуди Грузиецот Круашвили, а моментот од 82-рата минута што го реши мечот од петтото коло во Конференциската лига можете да го погледнете ОВДЕ.

Келн можеше да поведе на почетокот на второто полувреме, но Флоријан Кајнц не успеа од пенал да го совлада голманот на Словачко.

Тој момент од 51-вата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Со победата германскиот тим остана на третото место во Д групата со 7 бода, зад водечкиот тандем Ница и Партизан со по 8.

Словачко испадна од трката за презимување во Европа, а Келн ќе мора да ја победи Ница на домашен терен во последното коло за да го продолжи престојот во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести