На Коман му здосадија повредите: Ако има уште една операција, се простувам од фудбалот

Кингсли Коман ќе се прости од фудбалот ако е неопходно уште еднаш да оди на операција на проблематичниот глужд на ногата, иако е еден од најталентираните млади играчи во Европа.

Крилото на Баерн Минхен го пропушти Мундијалот во Русија летово и пропушти шанса да стане светски првак со Франција, а и малку игра во новата сезона за својот клуб.

„Нема шанси да одам на уште една операција. Премногу е. Ако нема друго спас, нема повеќе да играм фудбал“, изјави Кингсли.

Еден од најблескавите таленти со настапи за ПСЖ, Јувентус и Баерн до својата 19 година има големи проблеми со повредите.

Двапати имаше паузи поради проблеми со глуждот, потоа и ги истегна лигаментите на коленото, проблеми што му ја загрозуваат фудбалската кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести