Шарл Леклер бил разочаран и шокиран од објавувањето на договорот на Ферари со Луис Хамилтон за 2025 година. Леклер не знаел дека се подготвува вакво нешто, веруваше дека подолг период ќе биде главен пилот на италијанскиот тим, со кого неодамна потпиша договор на повеќе години, па се чувствува предаден.
Имаше пишувања дека Леклер дал зелено светло за трансферот на Хамилтон, наводно му се допаѓал предизвикот да проба да биде подобар од големиот шампион, но изгледа вистината е сосема поинаква.
Седумкратниот првак Хамилтон уште не седнал во црвениот болид, а веќе се чувствува нетрпеливост на Леклер кон него и прашање е како ќе соработуваат догодина како тимски колеги.
Можеби за една година ќе се сменат работите, но во моментов Леклер бил несреќен и в година може да има епски дуели помеѓу двајца тимски колеги кои ќе се тркаат кој да биде главен во Ферари.