На лидерот му се погоди – Ренова без тренер против Академија Пандев

Академија Пандев ќе има полесна задача денеска, од 15.30 часот, против Ренова, во мечот од седмото коло во македонската Прва Лига, по оставката на тренерот на „гипсарите“, Јетон Беќири.

Беќири си замина по серијата лоши резултати и порази, гарнирани со елиминација од националниот куп, па денеска Ренова во Струмица ќе ја предводи дел од раководството на клубот.

Чудно, но вистинито, бидејќи оставката на Беќири стаса во незгоден момент – еден ден пред дуелот со лидерот Академија Пандев.

Струмичани се први на табелата со 15 бодови, а Ренова е претпоследна само со четири. Гостите се без тренер, што е одлична шанса за Академците на Пандев да останат на врвот на табелата и да ја прекинат серијата од три меча без победа против Ренова.

Во истиот термин, денеска од 15.30 часот, ќе играат и Вардар против Силекс, Шкендија со Победа, Македонија Ѓ.П. и Работнички, а Беласица ќе  му биде домаќин на Шкупи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести