На Ливерпул му беа потребни само 15 минути за да ги натера навивачите на Тотенхем да го напуштат „Енфилд“

Фудбалерите на Ливерпул водат со 3:1 по првото полувреме во дуелот со Тотенхем кој се игра во рамки на 34-то коло од Премиер лигата.

Црвените најавија нова катастрофа на Тотенхем, кој на претходното гостување кај Њукасл, прими пет гола за само 21 минута.

Овој пат Ливерпул, трите гола ги постигна во првите 15 минути од натпреварот и ги натера навивачите на Петлите да го напуштат „Енфилд“.

https://twitter.com/i/status/1652699053954662405

Резултатот го отвори Куртис Џонс уште во третата минута, а по пет минути игра, Ливерпул водеше со 2:0.

Стрелец на вториот гол беше Луис Дијаз. Мохамед Салах од пенал во 15-та минута зголеми на 3:0.

Во финишот на првиот дел, Хари Кејн на асистенција на Перишиќ, постигна гол и го намали водството на Ливерпул на 3:1.

- Оглас -

Најнови вести