На Луис Суарес му требаа 13 минути на терен за да постигне гол за Национал, а утна и пенал (Видео)

Еден од најдобрите светски напаѓачи, Луис Суарес, на лигашкото деби по враќањето во матичниот Национал, покажа дека е големо засилување за тимот.

Ветеранот кој во Европа се прослави со голови во дресовите на Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, влезе во игра на почетокот на второто полувреме, и веќе во 58-ма минута, после 13 минути поминати на терен, постигна гол со глава за водство на неговиот тим од 3-0.

Во финишот, популарниот Ел Пистолеро не реализираше пенал, голманот на Рентистас му го одбрани шутот.

Ова е голот на Суарес:

- Оглас -

Најнови вести