На „Максимир“ во аргентински стил: Навивач фрли протеза од ногата за да го мотивира Петковиќ да игра подобро (Фото)

Вечното хрватско дерби беше извонредно за македонските фудбалери кои одиграа одлично во двата тима, а стрелци беа Јани Атанасов за Хајдук и Аријан Адеми за Динамо, додека неговиот соиграч Стефан Ристовски беше асистент на третиот гол за домаќините кои победија на „Максимир“ со 4:1.

Мечот вообичаено беше со многу интензитет и на теренот и на трибините, а оттаму од делот каде што се познатите Бед блу бојс, најголемата навивачка група што го подржува Динамо, долета протеза од нога директно на теренот.

Целата ситуација наликуваше на значајните аргентински дерби-натпревари, каде што ваквите ситуации се постојан декор, а сопственикот на „пластичната“ нога ја доби протезата назад и објасни дека со тоа сакал да мотивира еден од играчите на Динамо да игра подобро.

„Ја фрлив ногата за да го мотивирам Бруно Петковиќ да игра подобро. Сега е пак кај мене и пак ќе ја дадам мојата ногата за плавата боја“, објасни навивачот на Динамо.

- Оглас -

Најнови вести