На Манчини му се погоди тронот на Европа: Италија е фаворит и за светската титула

Роберто Манчини мајсторски ја преводеше Италија до европската круна, а сега апетитите пораснаа па сака да го освои и златото на Светското првенство во Катар, следната година.

„Шпанија има одлична репрезентација и очекувам со нив и со уште една репрезентација да бидеме главни фаворити за титулата. Имаат млада, но многу квалитетна селекција на фудбалери“, вели селекторот на Аѕурите.

Италија пред пет дена ја освои европската круна со победа на „Вембли“ против Англија по подобро изведување на пенали.

Како играч Манчини има бронзен медал со Аѕурите од Мундијалот во 1990 година, што го организираше токму Италија.

Роберто не настапи на ниту еден меч, а потоа и се прости од настапите за својата земја, откако Ариго Саки не го вклучи во националниот состав за Мундијалот во 1994 година.

 

- Оглас -

Најнови вести