На Мане веќе му е доста од Баерн Минхен, сака да оди во клубот каде срцето му е најмирно

Кога во летото пред почетокот на оваа сезона беше најавено дека Садио Мане доаѓа во Баерн Минхен, многумина го најавија тоа како еден голем трансфер од кој германскиот гигант ќе има голем ќар. Сепак, по нецела сезона, Мане направи скандал кој може многу да го чини.

По дуелот против Манчестер сити, Мане се скара со Лерој Сане, а потоа го удри соиграчот. Поради тој непромислен потег, Мане беше казнет со неверојатни 500.000 евра, а опција било дури и да биде избркан од клубот.

По овој инцидент, Мане бил мнгоу разочаран и според некои шпекулации, тој се доверил на своите пријатели дека му недостасува Ливрпул и „Енфилд роуд“ и би сакал повторно таму да се врати и тоа веднаш по завршување на оваа сезона.

Сенегалецот играше во Ливерпул шест години, ка де и се промовираше во еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Сепак, Мане реши да си замине од Ливерпул, а ако се верува на дел од шпекулациите, во следната сезона повторно може да го видиме во дресот на англискиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести