На меч во Кипар, капитените на двата тима беа Македонци! (Фото)

АЕЛ Лимасол со 2-1 го доби „македонското дерби“ против АЕК Ларнака во кипарскиот фудбалски шампионат.

И покрај поразот, АЕК остана прв на табелата, додека АЕЛ со победата, си ги задржа шансите за место во плејофот, во кој одат шесте најдобри.

Тренер на АЕЛ е македонската легенда и екс селектор Чеде Јаневски, додека капитен им е Давор Здравковски, кој од 2017 година е во тој клуб. Кај АЕК, капитенската лента ја носи Иван Тричковски, кој беше и стрелец на единствениот гол за тимот попладнево. Популарниот Тричко погоди од пенал, но недоволно да ги спаси од пораз.

- Оглас -

Најнови вести