На мексиканскиот судија тренерската кариера му траеше – три дена!

Поранешниот мексикански судија, Марко Антонио Родригес, кој го судеше легендарниот меч Бразил-Германија 1-7 на Мундијалот во 2014 година и мечот кога Луис Суарес го гризна Џорџо Кјелини на истото СП, реши да стане тренер, и таа желба му се исполни пред три дена, кога беше претставен како нов шеф на стручниот штаб на шпанскиот третолигаш Саламанка.

Но, само три дена по потпишувањето на договорот, Саламанка му се заблагодари на Мексиканецот, и одлучи да си бара нов тренер. Не се знаат причините за експресната разделба.

- Оглас -

Најнови вести