На Металург му се насмевнува втора победа во СЕХА

Металург во осмото коло на СЕХА-лигата има убава прилика да дојде до втората победа, бидејќи романска Стеауа Букурешт допатува ослабена и само со 10 здрави играчи. Утре за „металурзите“ претстои нов меч, против Спортинг Лисабон од Лигата на шампионите.

Тренерот на Металург, Данило Брестовац, првпат во кариерата се соочува со ситуација да подготвува тим за два меча по ред.

„Имам ретка можност да подготвувам два натпревари по ред во два дена. Досега не сум имал вакво искуство. Има најава дека Стеауа ќе игра со втор тим. Овој меч ќе ни послужи за искуство на младите играчи. Ако Романците настапат во најсилен состав, тоа ќе биде добар натпревар за нас. Ако одиграме на високо ниво, би требало да ја продолжиме серијата победи, но шансите се 50-50“, рече Брестовац.

Натпреварот помеѓу Металург и Стеауа се игра во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 17.15 часот.

- Оглас -

Најнови вести