29.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

На неколку дена пред гостувањето во Куманово, Романците се без натурализиран и загубија од Бугарија

Кошаркарската репрезентација на Романија ги загуби двете пријателски средби на гости кај Бугарија, а забележливо е и дека во романскиот состав немаше натурализиран играч.

Романците в сабота вечер ни гостуваат во Куманово, па веројатно и тие ќе бидат некомплетни против драстично подмладената македонска селекција на стартот на претквалификациите за Светското првенство кое во 2027 ќе се игра во Катар.

Бугарската репрезентација синоќа во Русе ја совлада Романија со 91-80. Најефикасен романски играч бил Дракулеску со 17 поени.

Пред три дена, Бугарите ја победија Романија со 78-76 по продолжение. Тогаш прв стрелец беше Кути со 14, а двоцифрен беше и Грасу со 12 поени.

Нашите репрезентативци денеска ќе тренираат во Скопје, а од утре се селат во Куманово и таму остануваат до важниот меч в сабота.

- Оглас -

Најнови вести