Пеп Гвардиола никако не може да биде задоволен што Манчестер сити ремизираше со ВБА на домашен терен, но дел од незадоволството е поради недоволно дадените дополнителни минути.
Шпанскиот стратег имаше епизода покрај аут-линијата и бурно реагираше на четирите минути плус кои четвртиот судија Ентони Тејлор ги покажа на семафорот. Според Пеп, требало да има повеќе време за играње бидејќи имало неколку прекини во второто полувреме.
„Немам проблем со Тејлор, мојата реакција беше за дадените минути. Сметав дека малку беа четири минути плус со оглед на тоа дека имаше доста прекини. На пример: Жезус лежеше најмалку три минути, видовме шест измени, а нивниот голман при секој обид ја држеше топката по 30 секунди. Затоа очекував дека ќе се даде повеќе време“, истакна Пеп разочарано по мечот.