На полноќ, ќе биде жестоко и во НБА и во НХЛ

Индијана пејсерс – Орландо меџик (00.00 часот)

Орландо е деветти на Истокот и повеќе од јасно е дека победата му е многу потребна, за да се вмеша во интересната трка за место во плејофот. Индијана е фаворит на хартија, но сметаме дека можете да се обидете да типувате на изненадување, иако Орландо не е баш опасен гостин. На 3 март, „магичните“ победија во Индијанаполис и може повторно да го повторат подвигот.

Предлог тип: 2 (2.80)

 

Минесота тимбервулфс – Филаделфија 76 ерс (01.00 часот)

Екипите имаат одредени кадровски проблеми, кај „76-ките“ нема да играат Ембид кој ќе одмори и повредниот Коркмаз, а уште двајца се неизвесни, додека Минесота нема да смета на пет играчи. И едните и другите играат променливо, непредвидливи се. Во јануари, Филаделфија славеше против Тимбервулфс со дури 42 поени разлика, па вечерва ќе се види дали тоа значи разлика во квалитет или било само случајност.

Предлог тип: < 228.5 (1.90)

 

Детроит пистонс – Портланд трејлблејзерс (00.00 часот)

Детроит мора да го искористи шокот кај Портланд кој иако има шест победи во низа, остана без главниот центар Јусуф Нуркиќ. Може да го играте центарот на Пистонс Андре Драмонд на плус поени. Портланд има обезбедено плејоф. „Клиповите“ се во мртва трка за место во плејофот, секоја триумф им е значаен и веруваме дека мотивацијата ќе им помогне да победат, но подобра е квотата на Драмонд, отколку чист „кец“.

Предлог тип: Драмонд >17.5 (1.85)

 

Тампа Беј лајтнинг – Вашинтон капиталс (00.00 часот)

Ова е дуел на двете можеби најсилни екипи на Истокот во НХЛ лигата. Тампа Беј е лидер, а актуелниот првак Вашингтон е трети. Пред десет дена, „молњите“ го победија тимот од главниот град со 5-4, со златен гол. Капиталс е во серија од три победи едноподруго, а Лајтинг има само еден пораз во последните девет меча. Според традицијата, би требало да биде ефикасно, а мала предност им даваме и на домашните.

Предлог тип: 1& 5+ (2.13)

 

Сан Хозе шаркс – Вегас голден најтс (03.00 часот)

Вториот на западната табела, Сан Хозе, не е во добра форма, напротив има дури седум порази по ред. Но, мечот со екипата од Лас Вегас е добра прилика за прекин на црната серија. Најтс имаат четири порази едноподруго. Претпоследната радост на Вегас беше на 19 март против Шаркс и тоа убедливи 7-3, што е мотив плус за „ајкулите“ да се реваншираат.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

- Оглас -

Најнови вести