Нејмар уште се бори да влезе во форма која ќе го убеди селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, дека е доволно добар да биде повикан во националниот тим за настап на Светското првенство кое ќе се игра за помалку од два месеци. Бразилската ѕвезда во дресот на Сантос, освен ој што е фокусиран да ја темпира формата, има и свои идеи за тоа што би требало да се промени за фудбалот во глобални рамки да биде поинтересен.
Една од најкоментираните теми е офсајдот, а легендарниот тренер Арсен Венгер даде конкретно решение за тоа како може да се промени ова правило.
Сега и Нејмар се јави со своја идеја околу промената на офсајд правилот. Бразилецот ја објасни својата идеја.
„Би го променил правилото за офсајд. Сметам дека офсајд треба да се суди само за подавања со високи топки. Која е ниско подавањето по земја, односно под градите, офсајд не треба да се суди“, вели Нејмар.
Некогашната ѕвезда на Барселона и ПСЖ, сезонава даде четири гола, а има и три асистенции во осумте меча што ги одигра во дресот на Сантос.

