На повидок нов скандал во Шпанија, во главна улога е новата ѕвезда на Реал Мадрид

Во Шпанија на повидок е нов голем скандал во кој во главна улога е Реал Мадрид откако се јави сомнеж дека најскапиот тинејџер на сите времиња, Ендрик, е постар од тоа што се покажува дека има 17 години.

Оваа тема ја започна некогашниот скаут на Реал Мадрид и специјалист за регионот на Каталонија, Маноло Ромеро.

„Секогаш сум имал сомнеж дека Ендрик ги има тие години за коишто се зборува. Веројатно затоа што физички делува многу посилно. Секогаш се сеќавам на Радамел Фалкао, кој дојде постар отколку што сите мислеа“, рече Ромеро за радио Кадена СЕР.

За Фалкао се пишуваше дека е роден во 1986 година, но подоцна се утврди дека бил две години постар, а Колумбиецот тоа го демантираше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести