Струга Трим Лум фудбалски првак на Македонија за сезоната 2023/24. За стружани ова е втор шампионски пехар, одбранувајќи го тронот од минатата сезона.

Во мечот кој директно решаваше за титулата, Струга ТЛ ја победи Шкендија и тоа на нејзин терен во Тетово со 2:0. Бесарт Ибраими пред крајот на првиот дел погоди за 1:0 за гостите, а Марјан Радевски ма почетокот на второто полувреме зголеми на 2:0 и ги сруши сите надежи на Шкендија.
Со овој триумф Струга ТЛ стигна до 64 бодови, а Шкендија остана на 61, со тоа што лидерот има подобар меѓусебен биланс со тетовци.
Во корист на Струга ТЛ беше и ремито во Скопје каде Шкупи одигра само 0:0 со струмичка Брера, па чаирчани останаа на 59 бодови, четири помалку од Струга ТЛ.
Брера со освоениот бод на Чаир си обезбеди опстанок, а Вардар кој одигра 1:1 во Кратово против Силекс ќе остане на 10 место на табелата и ќе мора да игра бараж за опстанок со Детонит кој е третопласиран во Втора лига.


