На пријателски меч „летнаа“ удари во глава (Видео)

Сакраменто го победи Далас со 86:70 во меч од летната лига во НБА, а мечот ќе се памти по инцидентот што се случи пред крајот на средбата.

На три минути пред крајот, Сакраменто имаше убедлива предност кога неочекувано се случи тепачка. Во еден напад на Кралевите, Мету тргна да забива, но Оморуј реши неспортски да го фаулира. Мету, кој за малку ќе се повредеше, веднаш се налути и со раката го удри противникот директно во главата.

Играчите на двата тима брзо реагираа и спречија поголем инцидент. Двајцата кошаркари добија исклучување на овој контролен дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести