На проблемите им нема крај – Рашфорд и Лингард посакуваат да си заминат од Манчестер јунајтед

На проблемите во Манчестер јунајтед им нема крај.

Откако вчера Кристијано Роналдо одби да биде дел од тимот во градското дерби против Манчестер сити, нови непосакувани вести доаѓаат од соблекувалната на Црвените ѓаволи.

Марукус Рашфорд и Џеси Лингард посакуваат да го напуштат тимот во летниот трансфер-период поради малата минутажа што ја добиваат под водство на Ралф Рангник.

Лингард минатата сезона беше на позајмица во Вест хем, каде што прикажуваше блескави партии, и сега размислува да оди во овој клуб, но на перманентен трансфер. Рашфорд се очекуваше да биде стартер на вчерашниот меч, но и тој и Џеси влегоа од клупата.

Но, не успеаја да донесат подобрување во играта на својот тим, којшто беше декласиран со 4:1.

- Оглас -

Најнови вести