Денешната програма на Светското првенство во ракомет, нуди голем број натпревари на кои победникот се знае однапред. Само некакво чудо може да ве спречи да бидете добитни на еден зихерашки уплатен тикет во обложувалниците Sport Life. Останува и неизвесноста околу тоа дали ќе се игра мечот Зеленортски острови – Германија, бидејќи во Капе Верде има двајца позитивни играчи на коронавирус, па можно е Германците да добијат службена победа.
Најинтересно треба да биде на дуелот Катар – Јапонија, бидејќи подобриот ќе оди во следната фаза. Во првото коло Катарците ја совлдаа Ангола, а Јапонија одигра шокантни 29-29 против фаворитот Хрватска. Хрватите денеска мора да ја победат Ангола, но тоа ќе го прават без повредениот Циндриќ за кого првенството е завршено и на негово место е повикан Кевиќ. Селекторот Червар направи уште една корекција, го повика и бекот Јагањац наместо Шипиќ. На враќање на Карачиќ ќе чекаат до вториот круг.
Аргентина е фаворит против Бахреин, како и Бразил против Тунис, додека за Унгарија и Данска прашање е само со колку гола разлика ќе слават над Уругвај односно ДР Конго за кој игра дебелиот пикер Мвумби.
Европско дерби е дуелот на Полска и Шпанија. Шпанците на стартот одиграа нерешено со Бразил и сега треба да се вадат против Полјаците кои завчера беа подобри од Тунис.
Што се однесува до Македонија, утре од 15.30 часот играме со Чиле, и за првпат ќе бидеме во улога на фаворити.