На ракометното ЕП 2020 собир на сите поранешни југословенски републики

Македонската ракометна репрезентација петти пат во низа и шести пат вкупно во историјата ќе биде дел од завршница на Европско првенство. На континеталниот собир кој следната година ќе се игра во Шведска, Австрија и Норвешка, ќе има 24 селекции.

Покрај Македонија, на ЕП ќе бидат и останатите пет републики од поранешна Југославија. Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора имаа успешни квалификации и ќе бидат дел од завршницата.

На ЕП 2020 ќе учествуваат: Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Германија,  Унгарија, Исланд, Летонија, Црна Гора, Холандија, Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Русија, Србија, Словенија,

Шпанија, Шведска, Швајцарија и Украина.

Ждрепката за ЕП 2020 ќе се одржи на 28 јуни во Виена.

- Оглас -

Најнови вести