На Реал никогаш не му судела жена во ЛШ, вечерва Фрапар тргна со пенал за Кралевите (Видео)

Стефани Фрапар е првата дама која му суди на Реал Мадрид меч во Лигата на шампионите и веднаш во шестата минута покажа на белата точка за Кралскиот клуб против Селтик.

Мориц Јенц играше со рака во шеснаесетникот на Селтик и Французинката веднаш досуди пенал.

https://twitter.com/goals_rmadrid/status/1587865635794685952?s=20&t=x87D793wvcSckVmdEPCnqg

Прецизен од белата точка беше Лука Модриќ за 1:0 во раната фаза на последниот меч во групата Ф и за Реал и за Селтик.

Фрапар беше првата жена што судеше меч од машката Лига на шампионите пред две години.

 

- Оглас -

Најнови вести