На Санчо и Халанд им стана навика да тресат мрежи пред Жолтиот ѕид (видео)

Борусија Дортмунд на најдобар можен начин го отвори 22-то коло во Бундеслигата, со убедлив триумф од 4-0 против Ајнтрахт Франкфурт. Милионерите предводени од Санчо и Халанд најавија дека со сите сили ќе се борат во трката за шампионската титула, па до утре ќе бидат зад лидерот Баерн на табелата со еден бод помалку.

По нешто повеќе од половина час игра отпорот на гостите го скрши искусниот Пишчек, за во вториот дел Санчо и Халанд во период од четири минути да зголемат на 3-0. Конечниот резултат го постави Гереиро во 74-тата минута.

Норвежанецот кој денес ја прими наградата за најдобар фудбалер во Бундеслигата за изминатиот месец, е првиот играч во историјата на шампионатот во Германија кој постигнал 8 погодоци во првите 5 натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=6cSatBWYNDg

https://www.youtube.com/watch?v=9Mi2lOjFtGo&feature=youtu.be

- Оглас -

Најнови вести