Две во едно: Халанд најдобар во Бундеслигата за јануари

Ерлинг Браут Халанд е избран за најдобар фудбалер во Бундеслигата за изминатиот месец. Норвешкиот голгетер на Борусија Дортмунд воедно ја доби наградата и за најдобар новак од сите зимски засилувања во германскиот шампионат.

Сосема заслужено овие награди завршија во неговите раце, бидејќи Халанд на најдобар можен начин го истакна своето присуство. На само четири меча постигна седум погодоци и една асистенција, односно за вкупно 226 минути поминати на терените.

- Оглас -

Најнови вести