На што ќе ги троши Јокиќ 270-те милиони долари од договорот со Денвер?

Новиот договор кој ќе го потпише Никола Јокиќ со Денвер нагетс, ќе вреди 270 милиони долари за пет години, и најкорисниот играч во НБА ќе стане и најплатен кошаркар во лигата.

Многумина се прашуваат каде Јокиќ ќе ги вложи и троши овие пари. Има работи на кои Никола не штеди.

Неодамна, Јокиќ си купи скапоцен уникатен џип кој вреди околу 250.000 евра.

Јокиќ сака и часовници. Тој има рачен часовник вреден околу 33.000 евра. Истотака, дел од парите ќе отидат за патувања со сопругата Наталија. Тие сакаат да патуваат низ САД, но и во други земји.

За крај, но не и најмалку важно, се коњите кои ги има во ергелата во Сомбор. Коњите се голема љубов на кошаркарот и не жали пари за нив. Семејството Јокиќ веќе има пет тркачки коњи (еден врвен коњ вреди и до 15.000 евра), но ергелата сигурно ќе се зголеми, а најавија и инвестиција од 1 милиони во хиподромот во Сомбор.

- Оглас -

Најнови вести