На слепа навивачка на Рома ѝ се оствари сонот, ги запозна Тоти и Џеко (Видео)

По трогателното видео на кое слеп навивач на Ливерпул се радува на голот на Мохамед Салах во дуелот против Наполи и направената средба со сите фудбалери на гигантот од „Енфилд роуд“, сега следува слична приказна од Рим. Слепа навивачка на Рома ѝ се исполни желбата и ги запозна сите фудбалери на „римската волчица“.

Михаела уште од дете е голем навивач на тимот од „Олимпико“, а неодамна доби изненадување. Заедно со својата сестра беа гости на „волчицата“. Михаела посебно се израдува кога го запозна Един Џеко, но секако врвот беше кога пред неа се појави Франческо Тоти. „Принцот“ од Рим е вистински миленик на сите навивачи на Рома.

 

- Оглас -

Најнови вести