Снимка која го обиколи светот: Слепиот навивач на Ливерпул се радува на голот на Салах (Видео)

Ливерпул синоќа успеа во мисијата да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите. Англискиот гигант на „Енфилд роуд“ со 1-0 го победи Наполи и тоа беше доволно да обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во Европа. Мохамед Салах го даде голот вреден за останување во елитната лига на УЕФА.

Навивачите на Ливерпул уште еднаш покажаа дека се едни од најдобрите во Европа и буквално беа 12-ти играч за домаќините на „Енфилд роуд“. Посебно ерупција од воодушевување имаше при постигнувањето на голот на Салах, а една снимка го обиколи целиот свет.

Се работи за слеп навивач на Ливерпул, кој не пропушта ниту еден меч на својот омилен клуб. Иако не може да види што се случува на теренот, тој ужива во атмосферата која се создава и подеднакво навива со сите фанови на англискиот гигант. При постигнувањето на голот на Салах, пријателот му објаснува на својот слеп пријател за каков гол се работи и заедно се радуваат на погодокот кој го однесе Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/twitter/statuses/1072832655648047108

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

2 КОМЕНТАРИ

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести