На средината од теренот стоеше бројот 96 и сите се чудеа што значи, а потоа стигна објаснување

Ајнтрахт Брауншвајг со 2:0 го победи Хајденхајм во дуел од втората германска лига, популарната Цвајте, но мечот го одбележа еден потег кој нема многу заедничко со играта на теренот.

На стадионот на Ајнтрахт, во средината од игралишето стоеше бројот 96 и многумина беа збунети зашто е таа бројка таму напишана. Подоцна стана јасно дека тоа е навивачка провокација од фановите на Хановер 96 за тие на Ајнтрахт.

Во раните утрински часови, симпатизери на Хановер 96 влегле на стадионот и на средината од теренот го напишале бројот 96, кој е препознатлив во името на нивниот омилен клуб.

Навивачите од Брауншвајг и тие од Хановер се големи ривали и не се ретки моментите на разни диверзии и начини да се понижи ривалот, но факт е дека на домашните играчи ова не им пречеше многу и победија со 2:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести