На Светското првенство во снукер ќе има публика, финалето пред полни трибини

Финалето на Светското првенство во снукер, ќе се игра пред полни трибини во „Крусибл театарот“ во Шефилд.

Најпрестижниот турнир во џентлменскиот спорт ќе започне со исполнетост од 33% од капацитетот на местата за седење, потоа ќе смее да има 50%, четвртфиналето и полуфиналето ќе ги гледаат во живо 75% од можните фанови, додека финалето на 2 и 3 мај, ќе се игра пред речиси 1.000 гледачи колку што собира во театарот во Шефилд.

Публиката ќе треба да покаже негативен тест за коронавирус при влезот во „Крусибл“ и ќе мора да носат маски. Ова е прв турнир во снукер кој ќе се игра со публика уште од ланското СП кога имаше гледачи во финалето.

Во моментов во тек се квалификациите за СП, а и на тие мечеви можете да се обложите во Sport Life. Првенството почнува на 17-ти април, а титулата ја брани славниот Рони О‘Саливен.

- Оглас -

Најнови вести