На телевизија која ги има правата за Премиер лигата, Тимо Вернер го претставија како ГОЛМАН на Челзи (Видео)

Фудбалерот на лондонски Челзи, Тимо Вернер, денеска присуствуваше на Формула 1 трката за Големата награда на Австрија, па напаѓачот беше интервјуиран од „Скај спортс“, телевизија која прави преноси и од англиската Премиер лига во која игра Вернер. Но, дали случајно или намерно, новинарката пред да му го постави прашањето на Германецот, го претстави како „голман“ на Челзи.

Вернер не ја поправи новинарката за нејзиниот гаф, туку се правеше дека не слушнал дека го нарекоа голман, нешто што тој не е.

https://twitter.com/i/status/1411667289317982210

- Оглас -

Најнови вести