Англија шест меча нема победа, а денес е апсолутен фаворит

2831 Алтај – Генчлербирлиги (18 ч.)

Дуел од втората лига во турското првенство. Алтај е во низа од пет меча во првенството без пораз, а гостите имаат само три нерешено и дури седум порази во последните 10 кола.

Сепак, традицијата е на страната на Генчлербирлиги, кој се радувал петпати во последните шест средби против овој ривал. Алтај ниеднаш не победил во девет дуели против денешниот противник. На осум од тие девет дуели, немало повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-2 (1.64)

 

1321 Мирандес – Картагена (21 ч.)

Мирандес има само две победи во 15 дуели во втората шпанска лига, но дури седумпати ремизирале. Картагена може да се вмеша и меѓу екипите кои би бркале пласман во шпанската елита.

Во последниот период овие два тима играле петпати и секогаш имало победник, трипати се радувал Мирандес, а двапати Картагена и во просек има по три погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

 

6701 Англија – Иран (14 ч.)

Апсолутен фаворит е Гордиот Албион, кој на Светското првенство доаѓа со низа од шест средби без победа. Резултатската криза треба да биде прекината на дуелот против Иран. Азиската селекција важи за аутсајдер во групата во која се уште и САД и Велс.

Иран најчесто игра дефанзивно и на осум од последните девет мечеви игра со не повеќе од два гола.

Предлог тип: 1&2-4 (2.15)

 

6051 Сенегал – Холандија (17 ч.)

Сенегал како африкански првак сигурно е меѓу оние што треба да бидат вистински репрезенти на својот континент. Холандија е вистински предизвик затоа што Лалињата дури 15 средби се без пораз (11 победи и 4 нерешени), што доволно зборува за нивната форма.

За сенегал голем хендикеп ќе биде неиграњето на капитенот Садио Мане, како и дефанзивецот Дијало. Во една ваква ситуација Холандија е фаворит за трите бода во групата во која Еквадор вчера славеше над Катар со 2:0.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.17)

 

6703 САД – Велс (20 ч.)

Овој дуел може да биде и решавачки околу тоа кој ќе биде втор на крајот во групата Б, каде што се и Англија и Иран. Американците имаат само три порази во последните 16 дуели, додека Велс загуби четири пати и имаше само едно реми во последните пет средби, што покажува за лошата форма во која се наоѓа.

Пред точно две години, САД и Велс играа пријателски меч и дуелот заврши без голови, а речиси пред 20 години во контролен дуел Американците победиле со 2:0.

Предлог тип: 1 (2.45)

- Оглас -

Најнови вести