На Црвена ѕвезда ѝ требаат голови за подвиг и Ливерпул да загуби

Лигата на шампионите секогаш е посебен предизвик да се одигра некој тикет во обложувалниците на Sport Life, а денеска има интересни дуели што одлучуваат за патниците во нокаут-фазата.

Има и натпревари што ќе се играат само за престиж, а ние ви нудиме пет предлог-типови со анализа, биланси, статистики, повредени и отсутни играчи….

 

Црвена ѕвезда – Пари Сен Жермен (21 часот)

На „Маракана“ со феноменална поддршка на навивачите сè е можно, а Црвена ѕвезда тоа и го потврди со победа против Ливерпул.

„Црвено-белите“ се последни на табелата, но не разочараа во веројатно и најсилната група Ц во Лигата на шампионите. Вечерва ќе мора да одат на победа, бидејќи само успех и три бода им дава надеж дека ќе презимат во Европа, со настап во Лигата на Европа.

Повредени кај домаќинот се стандардните Савиќ и Крстичиќ, а веројатно нема да игра и Чаушиќ, што е хендикеп за белграѓани.

Пари Сен Жермен може и со реми да се пласира во нокаут-фазата, а со победа се надева на првото место. „Светците“ ја декласираа Црвена ѕвезда во Париз со 6-1, квартетот Нејмар (хет-трик), Мбапе, Кавани и Ди Марија беше немилосрден, но српскиот претставник оттогаш игра многу подобро во ЛШ. И постигна гол на „Паркот на принцовите“, па нема причина тоа да не го стори и на жешката „Маракана“, или  „Рајко Митиќ“, како што сега се нарекува стадионот на Црвена ѕвезда.

Предлог тип: Т1 1-2 гола (2.20) Квота на денот

 

Барселона – Тотенхем (21 часот)

Првиот меч беше мошне ефикасен, а Барселона славеше на „Вембли“ со 4-2. Каталонците сигурно ќе бидат први во групата Б, но за Тотенхем ова е меч за сè или ништо.

Ако победат на „Камп ноу“ лондончани ќе играат во нокаут-фазата, без разлика на исходот од вториот меч вечерва меѓу Интер и ПСВ Ајднховен.

Тотенхем сам одлучува за својата судбина во ЛШ, Барселона е релаксирана и пласирана во следната фаза, па логично би било да има голови, нешто слично како и на првиот меч меѓу двете екипи.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.85) Квота на денот

 

Монако – Борусија Дортмунд (21 часот)

Монако има поинакви грижи, се наоѓа во опасната зона за испаѓање во домашното првенство, па мечот против Борусија Дортмунд и ништо не му значи. Секако ќе бидат последни на табелата во групата А и се без никакви шанси за да опстанат во Европа. И мора да мислат на следниот дуел од француското првенство и тешкото гостување кај Лион.

Тјери Анри има и многу проблеми со повреди на играчите, листата со отсутни фудбалери за денешниот меч со Борусија се заокружи на 13 фудбалери, што е дополнителен хендикеп за домаќините.

Гостите од Дортмунд сигурно се осминафиналисти во ЛШ, можат дури и да бидат први во групата, ако победат на „Луј Втори“, а Атлетико Мадрид не го победи Бриж на гостински терен. И Луцијан Фавр има проблеми со многу отсутни играчи, на листата се: Ројс, Пишчек, Вицел, Санчо, Загаду, Брун Ларсен, Делани…, кои вечер сигурно нема да играат, но „милионерите“ се и подбар состав и во многу подобра ситуација од  Монако, па се фаворити за победа.

Предлог тип: Т22+ & ГГ (2.40) Квота на денот

 

Ливерпул – Наполи (21 часот)

На „Енфилд роуд“ ќе се игра меч за преживување и презимување во Лигата на шампионите. Во една варијанта и двете екипи можат заедно да патуваат во осминафиналето, ако Ливерпул го победи Наполи, а ПСЖ загуби во Белград од Црвена ѕвезда.

Но, за да не ги слушаат вестите од „Маракана“, домаќините мораат да го победат Наполи, гостите, пак, не смеат да загубат ако ПСЖ слави против Црвена ѕвезда.

Комбинации има многу, но една е речиси сигурна, на „Енфилд роуд“ Ливерпул не може никако да калкулира, бидејќи со реми никако не може да се најде во нокаут-фазата во ЛШ. Тоа ветува борбен, тежок меч, каде што ќе има многу битка и остри стратови, па ќе ви предложиме да одиграте на жолти картони.

Предлог тип: Вкупно жолти картони над 4,5 (1.60) 

 

Интер – ПСВ Ајндховен (21 часот)

Интер му е тежок противник на ПСВ и има три победи од трите меѓусебни дуели во Лигата на шампионите. Беше подбар во двата меча од 2007 година, славеше и на првиот меч во Ајндховен во овој циклус натпревари и повторно е фаворит.

Патем, „нераѕурите“ и немаат поинаков избор освен победа против отпишаниот ПСВ ако сакаат да се надеваат на пласман понатаму. И, секако, чекаат добри вести од „Камп ноу“, каде што веќе пласираната Барселона го чека Тотенхем.

Победа на Интер не му е доволна за настап во нокаут-фазата ако Тотенхем ја победи Барселона, но во некаква варијанта и реми им носи успех на Италијанците ако Барса слави против тимот од Лондон.

Варијанти има многу, но најсигурната за Интер е да го победи ПСВ Ајндховен, кој не може никако да го избегне последното место во групата и е елиминиран од европските купови.

Предлог тип: 1&ГГ (2.70)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести