На ѕвездите кои се преселија во Саудиска Арабија им паѓа вредноста на трансфер-пазарот

На сите ѕвезди кои во летниот преоден рок одлучија да се преселат во Саудиска Арабија им е намалена вредноста, објави интернет-страницата специјализирана за трансфери, Трансфермаркт.

Според Трансфермаркт, највреден фудбалер во саудиската Про лига е ѕвездата на Ал-Хилал, Нејмар, кој е проценет на 60 милиони евра, што е десет милиони евра помалку од летото.

На второто и третото место на ранг-листата на највредни фудбалери во Саудиска Арабија се наоѓаат соиграчите на Бразилецот, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Рубен Невеш. И на српскиот репрезентативец му падна вредноста за 10 милиони евра, додека нема промени кај Португалецот. И дватата фудбалери се проценети на 40 милиони евра.

Меѓу петте највредни фудбалери се и Бразилецот Фабињо, кому вредноста му падна од 42 на 38 милиони, и Отавио, кој вреди три милиони евра помалку.

Интересно е што фудбалерите коишто имаат најголеми плати (200 милиони евра годишно), Карим Бензема и Кристијано Роналдо, се наоѓаат на 20-тото и на 21-вото место, а се проценети на 15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести