Надал го откажа учеството на Австралија опен!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на првиот Гренд слем турнир за оваа година, Отвореното првенство на Австралија. Надал паузираше речиси една година поради повреда, а на почетокот на 2024 година се врати и тоа со победа.

Изгледаше дека Шпанецот полека се враќа во препознатливата форма, но едноставно тој не е доволно подготвен за настап на Австралија Опен. Легендарниот тенисер кој има 23 гренд слем трофеи ја образложи својата одлука.

„За време на мојот последен меч во Бризбејн се загрижив поради една помала повреда. Пристигнав во Мелбурн и направив прегледи. Имам микрофрактура на мускулот, а добра вест е тоа што не е на истото место како што беше претходно. Моментално не сум подготвен да се натпреварувам во пет сета и затоа се враќам назад во Шпанија на дополнителни лекарски прегледи, третмани и одмор“, порача Надал преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести