Надал јавно си кажа: Би сакал Ѓоковиќ да не игра на Отвореното првенство на Австралија

Новак Ѓоковиќ ја доби правната битка со државата Австралија откако судијата Ентони Кели реши да му ја врати визата, но, сепак, драмата не е завршена. Австралиските медиуми објавија дека голем број полицајци се пред зградата во која се наоѓа Ѓоковиќ и дека се подготвува негово повторно апсење и депортација од земјата.

По првичната одлука на судијата да му биде вратена визата, голем број на тенисери се јавија со реакција. Најголем дел од тенисерите му дадоа поддршка на Ѓоковиќ, но еден од неговите најголеми ривали, Рафаел Надал, беше разочаран и Шпанецот посака Ноле да не игра во Мелбурн.

„Ако гледаме од спортски аспект, повеќе би сакал Ѓоковиќ да не игра. Сепак, судот го кажа своето и јас ја почитувам таа одлука“, беше првата реакција на Надал.

За разлика од Надал, Хрватот Иво Карловиќ со воодушевување ја дочека одлуката на судот кој му ја врати визата на Новак.

- Оглас -

Најнови вести