Надал ќе игра во Абу Даби

Вториот најдобар тенисер во моментов, Рафаел Надал, го потврди своето учество на егзибицискиот турнир во Абу Даби, кој ќе се игра кон крајот на декември. Шпанецот со тоа им се придружи на Новак Ѓоковиќ, Кевин Андерсон, Доминик Тим, Хеон Чонг и Карен Хачанов.

„Абу Даби е едно од местата каде што обожувам да играм. Атмосферата е одлична бидејќи публиката навистина ужива во мечевите. Тоа ќе биде шанса во добро издание да ја започнам новата сезона“, истакна Надал, кој шест пати триумфирал на турнирот во Мубадала.

Надал последниот меч го одигра во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, каде што поради повреда мораше да го предаде дуелот против Хуан Мартин дел Потро. Потоа ги пропушти турнирите во Шангај и Пекинг, а поради повреда на стомачните мускули мораше да се откаже од АТП-турнирот во Париз. Повредата на глуждот е причина за откажувањето од турнирот во Лондон.

Минатата недела му беше извршена операција на зглобот, а токму поради тоа мораше да го откаже егзибицискиот меч против Новак Ѓоковиќ во Саудиска Арабија, каде што на 22-ри декември првично требаше да се сретнат овие двајца тенисери.

Турнирот во Абу Даби ќе се игра од 27-ми, до 29-ти декември.

 

- Оглас -

Најнови вести