Рафа Надал ќе се жени годинава

Рафаел Надал во 2019 година ќе стапи во брак со својата девојка, со која е во врска од 2005 година, а се познаваат и од претходно.

Марија Франсиска Перелјо е 30-годишната девојка на Надал, вработена во осигурителна компанија, а позната е под прекарите Чиска и Мери. Таа работи и како проект-директор во хуманитарната фондација „Рафа Надал“, која Надал ја отвори пред околу десет години. Интересно е што повлечената Чиска не е активна на социјалните мрежи и ретко оди на тениските мечеви на нејзиното момче, бидејќи не сака да му го одвлекува вниманието, но сега беше присутна во Мелбурн на Отвореното првенство на Австралија.

Надал ја запроси Чиска лани во мај, за време на турнирот во Рим, а свадбата ќе се одржи ова лето или есен во Мајорка. Тенисерот има 32 години, девојката му е две години помлада и во интервјуто за списанието „Ола“, каде што беше објавена веста, најавија дека сакаат да имаат деца.

- Оглас -

Најнови вести